There are no translations available.

ТЕХНОЛОГИЈА КОЈА ОВОЗМОЖУВА КОНВЕРТИРАЊЕ НА КЛАСИЧНИ ВЕБ СТРАНИЦИ
ОД 2 ВО 3 ДИМЕНЗИИ, 3Д ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА НА ОБЈЕКТИ, ГЕО-КОДИРАЊЕ, 3Д МАРКЕТИНГ
3Д ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА НА ОБЈЕКТИ, ГЕО-КОДИРАЊЕ, 3Д МАРКЕТИНГ
Претставувањето преку веб страници е повеќе години добро позната и одлична можност за запознавање на јавноста со одредени настани, случувања и активности. Меѓутоа претставувањето е во 2 димензии - должина и ширина. Имаме можност да Ве запознаеме и представиме примена на нова 3D технологија која е во подем, а овозможува на веќе познатите 2 димензии да им додаде и трета димензија. Со оваа технологија се овозможува прекрасна визуелизација во 3 димензии - должина, ширина и висина .

Нашата компанија ја употребува оваа најнова 3D технологија и програми за изработка на предмети и објекти во 3 димензии. За пошироката јавност посебен интерес представува изработка на фото реалистилни објекти во 3 димензии така наречено 3D и нивно поставување на Google Earth. Фото реалистични значи дека при изработката на објектите се врши графичко моделирање, графичко и фото текстурирање така што објектите изгледат потполно исто како во реалноста и со точни димензии - должина, ширина и висина. Објектите се во 3 димензии и може да се видат како изгледат од сите страни, од сите агли и со сите детали на нив.
На повеќе начини овозможуваме конвенционалните веб страници да бидат конвертирани и да добијат нова димензија да можат да прикажуват објекти и предмети во 3 димензии. На нашите коминтенти за изработените објекти во 3 димензии им доставуваме код со кој на многу ефектен начин се појавуват нивните објекти во прозорец на нивните веб страници. Пример можете да погледате овде. Може да се види дека во прозорецот се појавува самиот објект во 3 димензии и директно во прозорецот со навигација објектот може да се разгледа од сите страни и од различни агли. Позицијата на кој дел од објектот ќе се појави во прозорецот ја одредуваме ние или по желба на клиентот.
Конвертирањето на веб страниците од 2Д во 3Д го постигнуваме и со со гео-кодирање, односно изработување на код кој може да се постави на веб страница. Гео-Кодирањето преставува најразлични видови на интерактивни Мапи на кои ги означуваме објектите. Интерактивните Мапите може да бидат во форма на вообичаена Мапа ( MAP ), Сателитска Мапа ( SAT ), Мапа на Терен ( TER ) или Мапа во 3 димензии ( EARTH ). Со Мапа во 3 димензии овозможуваме да преку веб страницата објекти кои се изработени во 3 димензии и геолоцирани на Google Earth да се видат во 3 димензии, без да имате инсталирано програма Google Earth. Пример.

Конвертирање на веб страници од 2Д во 3Д овозможуваме и за веб страници кои се веќе изработени, а исто така изработуваме потполно нови веб страни каде е применета оваа технологија.
Изработуваме визуелизација на објекти во 3Д. Визуелизација е овозможена за објекти кои се веќе изградени, а исто така изработуваме визуелизација на објекти кои се наоѓат во фаза на проект, пред објектите да бидат почнати со изградба, како и на објекти кои се во тек на градба. Одобруваме посебни погодности за компании кои се занимават со проектирање и за агенции кои работат со недвижнини. На конкретно барање доставуваме повеќе податоци околу визуелизацијата на објектите.
Изработуваме интерактивни мапи со точно гео-лоцирана позицијата на објектот или објектите кои и приипаѓат на компанијата и вообичаено се поставуват на контакт страната, за да клиентите можат да се ориентират каде точно се наоѓа компанијата и по кој правец може да се дојде до неа. Пример. Како изгледа интерактивна мапа со точно гео-лоцирана позиција на објектот поставена на контакт страната може да видите овде.
За 2, 3 или повеќе објекти изработуваме специјални виртуелни тури кои може да се гледат и преку програмата Google Earth. Виртуелните тури ве водат во прегледување на објектите во 3 димензии покажувајки ги од разлилни страни и агли и се префрлува од објект на објект без разлика на која оддалеченост се наоѓаат објектите. Возможно е објектите да се наоѓат и на различни континенти сепак може да бидат прикажани во заедничка виртуелна тура. Пример.
Овозможуваме прикажување на повеќе објекти изработени во 3 димензии да бидат прикажани заедно на веб страна секој поставен во посебен прозорец така да од едно место може да се прегледуват повеке објекти во 3 димензии. Пример. Исто така овозможуваме прикажување на повеќе предмети или самите објекти на една страница и прегледување на повеќе објекти истовремено од различен агол. Пример.
Изработуваме код за прикажување на веб страница на објекти и предмети во 3 димензии кои неможат или не се поставени на Google Earth. Пример.
За изработените предмети или објекти во 3 димензии вршиме и анимирање и нивно прикажување од сите можни агли и снимање на видео или .gif фајл. Видео фајловите се погодни за вршење офлајн презентација и промоција, а може да бидат подготвени да се стават на CD, DVD, flash memory ( мемори стик ) или да бидат подготвени за поставување на веб страница за онлајн презентација. Видео фајловите може да бидат во различен формат: .avi, .wma, .flv, .gif и други, со различна големина на прозорот за прикажување 300х200 пиксели, 500х400 пиксели, 800х800 пиксели и др. и со различен квалитет од неколку стотици килобајти до десетици мегабајти во зависнот од потребата или желбата на нашиот коминтент.
Пример на видео и негово прикажување на веб страна може да видите и овде погоре со кулата која ротира во разни правци. На самата снимка иако е со мали димензии може да се види дека на објектот се гледат и неговите детали.
Иако се потрудивме нашето објаснување да го појасниме со конкретни примери, веруваме дека некои работи сепак може да ви бидат нејасни. Ве молиме да ги разгледате внимателно и останатите страници веруваме дека ќе научите и видете многу интересни и несекојдневни работи. Сепак ако нешто остане неразбрано или нејасно ви стоиме на располагање да не контактирате, ќе добиете одговор во најкус можен рок.
Топ3Дизајн
ВАЖНА НАПОМЕНА: За да можете непречено да ги погледате сите примери на Мапи и сите објекти во 3 димензии е потребно да имате добра интеpнет конекција. Добра интернет конекција е потребна бидејки е потребно да се вчитаат голема количина на податоци. Во случај да имате послаба интернет конекција бидете трпеливи и почекајте да се вчитат сите податоци или направете Refresh или Reload на страницата.
Комплетните веб страници сo сите интерактивни мапи, 3D прозорци и презентации може да се прегледуват со следните веб прегледници ( web browsers ):
- Google Chrome 1.0+ ; - Firefox 2.0+; - Flock 1.0+ ; - Internet Explorer 8 ( Internet Explorer 8 можете да симнете овде) причината за ова е затоа што само за овие прегледници ( browsers ) има плугини од Google Earth.





